Меси и Суарез не играа, па резервист со голчиште спаси Интер Мајами (ВИДЕО)

Екипата на Интер Мајами дојде само до бод синоќешното гостувањето кај Ди Си Јунајтед (1-1) во меч од 28. коло од МЛС, во кој во тимот повторно ги немаше повредените Лионел Меси и Жорди Алба.

Истовремено, тренерот Хавиер Маскерано одлучи да им даде одмор и на Луис Суарез, Родриго де Пол и Серхио Бускетс, кои не се најдоа во стартната постава, што се одрази врз играта на „розевите“. Домашниот тим поведе уште во 13. минута преку Џексон Хопкинс, кој ја искористи дупката во одбраната и со силен удар погоди за 1-0. Во второто полувреме, Маскерано беше принуден да ги внесе во игра Суарез, Де Пол и Бускетс, но вистински херој се покажа друг резервист – Балтазар Родригес. Тој во 64. минута со прекрасен удар од дистанца израмни на 1-1 и му донесе бод на тимот од Флорида.

Интер Мајами со овој резултат останува петти во Источната конференција со 46 бодови и три натпревари помалку од конкурентите. Ди Си Јунајтед е последен со само 21 бод, додека лидер е Филаделфија Јунион со 54 бодови.

ФОТО: X / @InterMiamiCF