Првиот човек на германскиот фудбал си поднесе оставка

Претседателот на германскиот фудбалски сојуз, Фриц Келер си поднесе оставка откако еден од своите потпретседатели го спореди со поранешниот нацистички судија Роланд Фрејлер.

Келер, кој го презема германскиот фудбалски сојуз во 2019 година, вети дека ќе направи реформи по скандалот за нерегуларни плати.

„Како што беше најавено, отстапувам од претседателската должност поради потребата за нов почеток“, вели Келер.

Келер пред една недела најави дека ќе отстапи од должноста по сослушувањето пред спортскиот суд на германскиот сојуз.

Исто така, тој кажа дека неговата оставка нема да ги реши проблемите и потребна е итна промена во фудбалскиот сојуз.