
Прв пат во историјата: Странец ќе суди натпревар од Премиерлигата
Се работи за Австралиецот Џаред Жилет, кој веќе две сезони ја дели правдата во англиската Чемпионшип дивизија и пониските лиги. Тој го носи знакчето на ФИФА, а добро ја познава и Премиерлигата, бидејќи на неколку натпревари беше и во ВАР-собата.
Вкупно пет судии беа кандидати за унапредување во Премиерлигата, а довербата ја доби Жилет.