Проблеми за Јунајтед: Погба и Фернандеш се повредиле по судир на тренинг!

Тренерот Оле Гунар Солшер доби лоши вести по денешниот тренинг на Манчестер јунајтед бидејќи Пол Погба и Бруно Фернандеш се повредиле по судир на вежбите.

„Мирор“ објави дека Фернандеш бил потешко повреден, но Јунајтед не објави никакво соопштение со кое потврдува било каква повреда на своите ѕвезди.

Јунајтед утре игра против Бормут во Премиерлигата, па сигурно ќе бидат ослабени во мечот доколку се точни информациите на британскиот медиум.