​Проблеми за Атлетико Мадрид, Рома се обидува да го украде Довбик

Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид тргна по потписот на најдобриот стрелец во Ла Лига за минатата сезона, Артем Довбик, меѓутоа во трката се вклучила и Рома.

Рома покажала сериозен интерес за напаѓачот на Жирона и се обидува да го откупи неговиот договор, откако и самиот фудбалер му дал „зелено светло“ на тренерот на калчолигашот, Даниеле Де Роси.

Калчолигашот наскоро ќе испрати понуда до Жирона, која ќе го има последниот збор за иднината на Довбик, односно ќе ја одреди цената.