Премиерлигашите објавија: Ќе се вратиме на терените кога ќе биде – безбедно!
Иако се најавуваа низа можни сценарија, па дури и се поставуваа датуми за старт и за финиш на сезоната, Премиерлигашите сега со соопштение се огласија во екот на најголемата светска криза, а фудбал немаат играно од 13 март годинава, кога сè беше суспендирано.
„Ковид-19 е нешто што е голем светски предизвик, кој носи неизвесност за секого и нашите мисли се во борбата на секој кој е директно погоден од коронавирусот. Пораката на владта е јасна, останете дома, чувајте го сопственото и јавното здравје и спасете животи. Сите ние сме одлучни да се вратиме на терените и да му се вратиме на фудбалот кој го сакаме, но само кога ќе биде безбедно за такво нешто. Знаеме дека сите навивачи имаат безброј прашања, ама сега немаме брзи одговори, како и кога ќе се вратиме на терените. Сите ние, од ФА, лигите, навивачката асоцијација сега имаме само обврска да одиграме клучен дел во владините препораки за заштита. Сега не е време за фудбал, ама фудбалот може да помогне во битката за зајакнување на општеството и за солидарност“, се вели во соопштението.
Велика Британија е една од најзагрозените земји од коронавурусот, од чија пандемија Италија и Шпанија во моментов се двете црвени зони во Европа, со неверојатно зголемување на бројката на заразени и на починати.