Повторна соработка со Конте: Интер тргнува по подзаборавениот Србин

Ако им веруваме на италијанските медиуми, Интер наскоро ќе започне подготовки со Манчестер Јунајтед кога е во прашање потписот на Немања Матиќ.

Искусниот играч од средниот ред, наводно, е во затегната врска со тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солшер, а тоа најдобро може да се види на тернот каде има само пет настапи сезонава за „црвените ѓаволи“.

Неговиот договор со Јунајтед важи до следното лето и вклучена е опција за продолжување на соработката за уште една година.

Сепак, 31-годишниот Србин може да го напушти „Олд Трафорд“ уште во јануари. На Матиќ, наводно му се допаѓа идејата да се испроба во Серија А, а воедно и Бепе Марота сакаше да го донесе во Јувентус.

Денес, Марота е во Интер, а наскоро би можел да се обиде повторно да го донесе Матиќ - овој пат на „Џузепе Меаца“.

Се тврди дека  желбата на Антонио Конте е Матиќ, со кого веќе соработуваше во Челси.