Потврдено: Новата сезона во Калчото стартува на 19 септември!

Тоа што од претходно беше најавено, се официјализираше денеска за најсилната италијанска лига, па новата сезона во Калчото ќе стартува на 19 септември.

Вечерва на состанокот на Советот на Серија А и официјално го потврдија датумот за почеток на новата сезона. Првично беше планирано Серија А да стартува на 12 септември, но поради технички причини стартот потоа беше презакажан за 19 септември и сега официјализиран.

Федералниот совет утре само формално треба да го потврдат овој термин за почеток на сезоната.

Во новата сезона во Серија А повторно ќе има тројца македонски репрезентативци, Горан Пандев во Џенова, Елиф Елмас во Наполи и Илија Несторовски во Удинезе.