Потрес во светскиот фудбал: Фергусон обвинет дека наместил меч во ЛШ

Италијанскиот менаџер Џузепе „Пино“ Палјара имаше жестоки обвинувања на сметка на Сер Алекс Фергусон, за кој кажа дека наместил меч во Лигата на шампиони и тоа против Јувентус, а наместо казна, за тоа добил награда од 40.000 евра.

Еден од двајцата агенти, кои се појавиле на суд поради местење натпревари и разни неправилности во фудбалот, тврди дека Фергусон добил часовник како награда за тоа што го наместил мечот.

Покрај него и уште еден агент, обвинет е и помошникот тренер на Барнсли, Томи Рајт, а иако демантираше дека направил нешто нелегално, Италијанецот го обвини Фергусон за местење на мечот меѓу Јунајтед и Јувентус во елитното натпреварување.

Италијанецот бил „фатен“ на еден деловен состанок со новинарка на еден англиски медиум, а тогаш Пино обвинил неколку тренери, меѓу кои и Стив Мекларен, Хари Реднап, Нил Ворнок, а тоа секако се тешки обвинувања и засега нема дадено докази за тоа.