
Последни состаноци со цел да се обнови „љубовта“ меѓу Конте и Де Лаурентис!
И покрај освоената титула во Серија А, Антонио Конте сака да го напушти Наполи и да се врати во Јувентус.
Де Лаурентис веќе му посака се најдобро во иднина на Конте.
„Му посакувам на Конте да го продолжи успехот во својот личен живот. Тоа е човек кој заслужува почит и успех бидејќи работи напорно на дневно ниво. Ти благодарам, Антонио“, рече Де Лаурентис вчера.
Но и покрај ваквите зборови, двете страни ќе се состанат денеска и ќе направат уште еден обид за продолжување на соработката.
Сепак, се очекува Конте само да ја потврди неговата одлука за заминување. Тој е несреќен уште откако Де Лаурентис му го продаде Кварацхелија на сред сезона.