Поранешниот тренер на Рома го презема Милан

Менаџментот на Милан полека ја приведува кон крај потрагата по наследник на Стефано Пиоли, а италијанските медиуми тврдат дека веќе е паднал изборот на нов тренер.

Во конкуренција на неколку стручњаци, довербата наводно ја добил Пауло Фонсека, пред се затоа што има искуство во Серија А. Две години, Португалецот беше тренер на Рома со која во првата сезона го освои петтото место во домашното првенство и стигна до полуфиналето на Лигата Европа. Од 2022 беше тренер на Лил, а оваа натпреварувачка кампања за малку му избега пласманот во Лигата на шампионите. Францускиот тим му нуди продолжување на соработката, но Фонсека во моментов мисли само на Милан.

Според информациите од Италија, тој ќе потпише тригодишен договор со Милан, а раководството на клубот му гарантира дека ќе има конкурентен тим на сите полиња.