Поранешниот англиски репрезентативец го напушта Њукасл по четири години

По четири и пол години во Њукасл поранешниот англиски репрезентативец Киран Трипиер на крајот на оваа сезона кога му истекува договорот. 

Трипиер кој во минатото го носеше дресот на Тотнем и Атлетико Мадрид беше клучен во освојувањето на Лига купот минатата сезона што беше прв трофеј за овој клуб по пауза од 70 години.

„Тука се чувствував најмногу како дома. Емотивно е. Ќе ми недостасувате сите, но освојувањето трофеј со вас беше навистина, навистина посебно, најдоброто нешто во мојата кариера“, изјави 35-годишниот капитен Трипиер.

За Њукасл настапи на 157 натпревари, постигна четири гола и имаше 29 асистенции.