Шок во Тетово: Пелистер во 93. минута ја нокаутира Шкендија (ВИДЕО)
Тетовци први ја затресоа мрежата на противникот преку Ендрит Красниќи, но голот беше поништен поради офсајд, по што Стефан Спировски стрелаше за предност од 1-0 во 37. минута. Бесарт Ибраими, сепак во финишот на првото полувреме успеа да ја анулира негативата и да погоди за 1-1.
Домашната екипа се закани и на почетокот на второто полувреме, но голманот на битолчани беше на висина на задачата, по што и гостите имаа неколку шанси, меѓутоа мрежите мируваа.
Екс-вардарецот Вилдан Керим беше херој на гостите од Битола, откако во третата минута од судиското надополнување успеа да стрела за конечни 2-1.
Шкендија останува на втората позиција со 58 бодови, колку што има и лидерот Вардар, но скопскиот тим допрва треба да го одигра својот меч од 25. коло против Македонија ЃП.