Штип УГД го елиминира Работнички и обезбеди финале во Првата лига

Одбојкарите на Штип УГД триумфираа против Работнички со 3-0, односно 25-21, 25-12 и 25-15 во реваншот од полуфиналето на Првата македонска лига.

Работнички даде посериозен отпор во првиот сет (21-25), по што во следните два Штип УГД ја контролираше играта и обезбеди победа со 25-12 и 25-15, а со тоа си закажа финале каде што ќе се бори за двојната круна, по освојувањето на Купот.

Штип УГД во финале ќе се бори против подобриот од мечот меѓу Борец Велес и Струмица. Првиот натпревар меѓу овие екипи заврши со победа од 3-1 за велешани.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија