Брегалница го доби дербито со Скопје, Шкендија Арачиново сигурна против Тетекс (ВИДЕО)
Екипата од Штип пристигна на тешко гостување кај Скопје, а на истекот на 40. минута од натпреварот Талески одигра одлично во казнениот простор на домаќинот и ја затресе мрежата за 1-0.
Шкендија Арачиново успеа да слави против Тетекс, и тоа откако на стартот на мечот Џихан Адили погоди за 1-0, по што гостите си постигнаа автогол за конечни 2-0.
Табела: Охрид 52, Брегалница 52, Шкендија 52, Скопје 50, Беласица 45, Осогово 43, Детонит Плачковица 41, Новаци 40...
Останати резултати:
Беласица – Осогово 0-0
Детонит Плачковица – Кожуф 3-2
Преспа – Каменица Саса 1-4
Слога Виница - Победа 4-2