Охрид го наполни голот на Новаци и го презема врвот во Втората лига (ВИДЕО)
Охриѓани го постигнаа првиот гол во 30. минута со голот на Антонио Каланоски, а резултатот не се менуваше до крајот на првото полувреме.
Домашниот тим постигна уште два погодоци до крајот, и тоа најпрво преку Димитриј Димитриевски во 54. минута, а потоа преку Иван Глигоров во 65. минута.
Охрид е лидер на табелата со 53 бодови, односно два повеќе од Скопје и три повеќе од Брегалница и Шкендија Арачиново.