Трагедија во Косово: Фудбалер починал откако колабирал на терен!

Taжна вест пристигнува од Косово каде што 43-годишниот Лирдон Губетини, член на ветеранската селекција Барлиева починал откако му се слошило за време на дуелот против Дечан во рамките од Купот на ветерани.

Според информациите трагедијата се случила во текот на вчерашниот ден околу 17:35 часот веднаш по завршувањето на првото полувреме. Губетини колабирал на теренот откако без никакви знаци претходно одеднаш се струполил на теренот.

Лекарскиот тим брзо реагирал, но не успеал да го спаси неговиот живот, причината за смртта ќе биде позната по обудкуцијата, но веројатно станува збор за срцев удар.