Пол Погба и Алексис Санчез се најплатени фудбалери по одиграна минута!

Двете големи ѕвезди Пол Погба, членот на Манчестер јунајтед и Алексис Санчез, фудбалерт на Интер на заем од Јунајтед се двајцата најплатени фудбалери, ако се пресмета колку тие чинат по помината минута на теренот, покажа едно истражување на ОЛБГ, кое ги користело финансиските податоци на угледниот „Форбс“.

Според истражувањето, Погба кој заработува 23 милиони долари годишно, го чини Манчестер јунајтед по одиграна минута дури – 37.705 „зелени банкноти“, откако одиграл 610 минути во изминатава сезона. Алексис Санчез, пак, кој има 24,6 милиони долари годишна плата, а сезонава ја мина на заем во Интер и веројатно ќе остане, но со далеку помали примања, за 10 часа фудбал сезонава заработува по 41.000 долари од минута.

И двајцата имаат сериозен пад во формата, зачестени повреди, а преголеми плати, па оттаму иако не се најплатени на светот, просекот на заработка по минута им е и до четири пати поголем од тие на двете најголеми ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои заработуваат далеку повеќе на годишно ниво од Французинот и Чилеанецот.

Сепак и двајцата се далеку во однос на најплатените спортисти по минута, каде крал е Конор Мекгрегор, ирскиот чаламџија од УФЦ кој за последните 12 месеци заработил 42 милиони долари, а за секоја секунда во октагонот чинела – 700.000 „зелени банкноти“. Зад него се боксерите Донтој Вајлдер, Канело Алварез, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, со над половина милион долари по минута за поминато време во рингот.