Покетино од следната сезона го презема лутиот ривал на Тотнем

Британските медиуми изминатите неколку дена пишуваат за тоа дека поранешниот менаџер на Тотнем, Маурисио Покетино, од следната сезона ќе го преземе кормилото на Манчестер Јунајтед.

Новинарот Алфредо Педула на својата веб-страница, открива дека Аргентинскиот специјалист веќе остварил контакт со раководството на тимот од „Олд Трафорд“, а побарал од тимот да добие целосна контрола над трансферите.

Манчестер Јунајтед, под водство на сегашниот менаџер Оле Гунар Солшер, по 23 одиграни кола кола го зазема петтото место на табелата во Премиер лигата. Од четврото место кое води во Лигата на шампионите го делат пет бода.