Покетино ги изненади фудбалерите на Тотнем со - порака во соблекувалната (ФОТО)

Најконтроверзниот светски тренер Жозе Мурињо го наследи Маурисио Покетино на кормилото на европскиот првак Тотнем пред три дена, откако аргентинскиот менаџер доби отказ после пет години минати во Северен Лондон.

И Покетино реши на интересен начин и со моќна порака да ги изненади фудбалерите, со кои во изминатиот период стигна до финале во ЛШ, а играше и тоа како важна улога во Премиерлигата, постојано стигнувајќи да биде дел од големата четворка, што носи пласман во европската елита. Откако доби отказ, Аргентинецот немаше многу време за да се збогува со фудбалерите, па во соблекувалната им остави порака.

„Големо благодарам до сите вас! Жал ми е што не можам да дојдам и да ви кажам збогум, но секогаш ќе останете во моето срце“, им напишал Покетино.

Фудбалерите на Тотнем биле шокирани од одлуката да се смени Покетино, зашто целиот тим имал извонреден однос со менаџерот и поради тоа во послендите години играа извонреден фудбал и беа во самиот врв на англискиот и европскиот фудбал.