По добиената 10-годишна суспензија, црногорскиот тим најави - жалба во Лозана!

Црногорскиот тим Арсенал од Тиват доби 10-годишна забрана за настап во европски натпреварувања поради местење натпревари од Европската унија на фудбалот (УЕФА), меѓутоа претседателот на клубот, Дејан Кандиќ најави желба.

Првиот човек на Арсенал од Тиват призна дека клубот ја заслужил казната затоа што одредени лица учествувале во организација на нелегални работи, но посочи дека ќе се жалат на суспензијата.

„Ние ја почнавме оваа борба и поднесовме кривични пријави по реваншот со Алашкерт. Убедени сме дека органите на УЕФА ќе ја разгледаат првичната одлука или на крај во Лозана ќе ја ублажат казната“, кажа Кандиќ.

Казната за Арсенал е Тиват е поголема дури и од онаа на победа која поради наводно местење во 2004 против Пјуник, беше суспендирана на осум години.

 Фото: Facebook/FK Arsenal Tivat