
Платата на Влаховиќ од денеска ќе му се зголеми за 2,5 милиони евра!
Влаховиќ е во фокусот во изминатите денови, Јувентус сака да го продаде, но тој не сака да си замине по секоја цена, а причината е финансиска.
Според договорот кој го има со Јувентус, во новата која ќе биде и последна негова сезона ќе треба да добие дури 12 милиони евра.
Ниту еден друг клуб не сака да му понуди ни приближно толку високи примања, па јасно е зошто Влаховиќ ги одбива сите понуди кои стигнаат на негова адреса.
Основната годишна плата на Влаховиќ е 8 милиони евра, а денеска се активира бонус за лојалност од 2,5 милиони евра со кој платата ќе достигне висина до 10,5 милиони евра.
Ако го испочитува договорот до крај, на 30 јуни 2026 година ќе добие уште 1,5 милиони евра нов бонус за лојалност со што сумата ќе се качи на 12 милиони евра.
Јувентус ќе биде во голема загуба доколку тоа се случи бидејќи не само што ќе треба да му дадат 12 милиони евра на Влаховиќ, туку и откако ќе го исплатат тој ќе може да си замине како слободен играч, без никакво обештетување.