Пиоли откри зошто одбил да го замени Ибра: Се налутив и не го послушав!

Златан Ибрахимовиќ постигна два гола во победата на Милан во градското дерби против Интер. Во текот на мечот Швеѓанецот побара измена бидејќи беше изморен, но тренерот Стефано Пиоли одбил да го послуша.

Тренерот на „росонерите“ за италијанските медиуми раскажа дека Швеѓанецот сакал да ја напушти играта, но не му ја исполнил желбата.

„Ибра побара измена, но овојпат јас се налутив. Не го послушав и не го заменив, беше премногу важен за нас на теренот“, вели Пиоли.

„Росонерите“ по четири кола имаат четири победи и се наоѓаат на прво место со 12 бодови.