Перез бил очаен, ќе го одврзел ќесето само Модриќ да остане!

Најатрактивниот фудбалер на светот во моментов е Лука Модриќ, па затоа од час во час стигнуваат нови вести за неговата ситуација во Реал Мадрид и потенцијалниот трансфер во Интер.

Последната вели дека Флорентино Перез е подготвен да направи се за да го задржи Хрватот на „Сантјаго Бернабеу“. Тие треба да имаат состанок попладнево, откако Модриќ денеска се врати по продолжениот одмор и да ги соочат ставовите за трансферот во Интер, кој лебди во воздухот.

Модриќ има откупна клаузула од 750 милиони евра и неодамна Перез изјави дека нема да замине ни за цент помалку. Меѓутоа, пресното искуство со Кристијано Роналдо, кој замина во Јувентус за 100.000 евра и покрај клаузулата од еден милион – ги обезбвреднува неговите зборови.

Прашање е дали играчот сака да остане или да оди, а Модриќ, очигледно, сака да се приклучи на хрватската колонија во Интер (Перишиќ, Брозовиќ, Врсаљко). Клубот веќе контактирал со агентите на фудбалерот и токму тој момент најмногу го нервирал Перез, што работите се случуваат, а Модриќ досега – молчеше.

Планот на Перез бил да му понуди нов договор, кој ќе бил „последен во кариерата на Хрватот“ и тоа со зголемена плата. Модриќ досега заработувал осум милиони евра по сезона, а Интер му нудеше најмалку 10. Перез планирал да го одврзе ќесето и да ги зголеми овие осум, со цел да го сочува вториот највлијателен фудбалер, по Роналдо.