Пеп може да биде среќен: Се најде некој достојно да го замени Родри

Манчестер сити полека излегува од кризата која беше најтешка во ерата на Пеп Гвардиола во клубот, а вчера го декласираа Њукасл со 4-0.

Многумина се убедени дека ако Родри не се повредеше, тогаш немаше ниту да дојде до кризата и се би било поинаку. Но, изгледа дека Гвардиола пронајде човек кој може да го замени Шпанецот.

Новото засилување, Нико Гонзалес игра одлично и веќе на Островот започнаа да го споредуваат со Родри.

Шпанецоти маше 112 допири со топката и 98 додавања, најмногу од сите на теренот и најголем процент на успешни додавања 97. Исто така имал 14 додавања во последната третина од теренот.

Неговиот настап против Њукасл го пофали и Гвардиола.

„Нико Гонзалес „мини“ Рорди. Неговото присуство на теренот најмногу ни помага во ситуациите 50-50. Манчестер сити со него доби големо засилување и за во иднина“, изјави Пеп.