Пех за Ливерпул: Салах се повреди на ФА-купот, две недели пред финалето во ЛШ!
Салах мораше да го напушти теренот, жалејќи се на болка во слабините и горниот дел од бутниот мускул на ногата, што е сериозен проблем за „црвените“ на точно две недели пред финалето во Лигата на шампионите.
Допрва ќе биде познато за што станува збор, дали таа повреда е посериозна или замената е направена превентивно за да не се влоши истата ако Египчанецот продолжеше да игра на мечот на „Вембли“.
Челси и Ливерпул се борат за трофејот во најстарото островско натпреварување, а првата третина од мечот мина со извонреден фудбал и со низа шанси на двете страни.