Пандев вечерва не смее да згреши за да не биде навивач на клучното дерби со Лече

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, кој има „втора фудбалска младост“ откако со девет гола сезонава практично има најдобар голгетерски ефект по 11 години, вечерва во Торино ќе мора да биде многу претпазлив и не смее да добие жолт картон, зашто му се заканува суспензија пред клучниот меч во дербито за опстанок со Лече.

Како што објавија италијанските медуми, Пандев не смее да згреши на дисциплински план против „биковите“ и некој потег да му донесе опомена на мечот, а со тоа директна суспензија од еден меч поради пет жолти картони, со што би го прескокнал дербито со Лече закажано за три дена на „Мараси“, меч кој е од клучно значење во трката за опстанокот на Џенова.

За очекување е дека Пандев како најискусен токму во тој дел ќе внимава, а најдобар доказ е фактот дека од 12 јануари годинава против Верона кога последен пат пожолте, нема добиено опомена од судиите, а оттогаш има пет гола и е клучен фудбалер во битката за опстанок на најстариот италијански калчолигаш. Пандев веќе шест години е во Џенова и ќе одигра уште една сезона, зашто договорот со актуениот тим е завршена работа, па се чека само вообичаена официјализација од клубот.