Пандев со магија ја запечати победата на Џенова: Успешно деби на Мота (ВИДЕО)

Горан Пандев со погодок му донесе деби победа на новиот тренер на Џенова, Тијаго Мота. Домашните славеа со 3-1 во рамки на 9.коло во Серија А. 

„Џеновјаните“ до трите бода дојдоа со фантастична игра во второто полувреме, бидејќи Бреша поведе со 1-0 благодарение на голот од слободен удар на Сандро Тонали во 34-тата минута.

Новиот тренер Мота направи три измени во вториот дел и сите тројца резервисти погодија. Прво Кевин Агудело реализираше за 1-1, а Кристијан Куаме направи пресврт во 75-тата минута.

Горан Пандев му врати на својот поранешен игра од Интер за довербата и стави точка на победата од 3-1 со својот прв сезонски погодок, што го постигна на мајсторски начин како во најдобрите денови.