Пандев со гол и асистенција не успеа да ја спаси Џенова од пораз (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев одигра одличен натпревар против Аталанта, но Џенова загуби со 3-4 во 37. коло од Серија А.

Аталанта постигна три гола во првото полувреме, и тоа преку Запата, Малинковски и Госенс (3-0), по што многумина ја отпишаа Џенова од мечот.

Шомудоров намали на 1-3 во 49. минута, но потоа Пашалиќ ги врати гостите на три гола позитива, по што на сцена стапи македонскиот капитен, кој најпрво од пенал стрелаше за 2-4, а потоа му асистираше на Шомуродов за 3-4.

Аталанта остана на втората позиција со денешната победа и има 78 бодови, односно три повеќе од Милан.

На вториот меч кој се играше во истиот термин Специја го совлада Торино со 4-1.