Пандев постигна голчиште, па доби црвен картон: Џенова испушти победа (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев постигна спектакуларен погодок од 35 метри против Лече во 15. коло од италијанската Серија А, но неговата екипа не успеа да победи (2-2).

Џенова поведе токму со погодокот на Пандев во 31. минута од мечот, а во самиот финиш на првото полувреме Кришито зголеми на 2-0.

Во второто полувреме домаќините заиграа многу подобро, па успеаа да израмнат на 2-2, по што следеа два жолти картони за Пандев.

Џенова останува во опасната зона со 11 бодови, односно еден помалку од Сампдорија која е на безбедна позиција.