Пандев: Ја сакавме победата по секоја цена, Мота за мене едноставно e - тренер

Џенова славеше победа од 3-1 против Бреша и тоа во дебито на клупата на Тијаго Мота. 

Нашиот репрезентативец Горан Пандев го постигна третиот гол на натпреварот и ја запечати победата. Тој беше среќен што неговиот пријател и соиграч од времето во Интер дебитираше на клупата со победа. 

„Ја сакавме оваа победа по секоја цена. Игравме плашливо во првиот дел, но во второто полувреме нашиот квалитет излезе на виделина. Тијаго Мота? Среќен сум што повторно сум со него по толку години. Како викам? Едноставно, тренеру“, изјави Пандев по натпреварот.