Пандев и Џенова немоќни на Сардинија: Кајлари ги освои трите бода (ВИДЕО)

Калјари славеше со 3-1 против Џенова во рамки на првиот натпревар од 4.коло во Серија А. 

Џовани Симеоне го отвори резултатот на стартот на второто полувреме против својот поранешен тим. Вистинската возбуда беше во последните десет минути, кога најпрво гостите израмнија преку Кристијан Куаме во 83-тата минута. 

Сепак, радоста на гостите не траеше долго, бидејќи веќе во следниот напад Калјари се врати во водство и тоа благодарение на автоголот на Кристијан Запата. Точка на победата на тимот од Сардинија стави Жоао Педро во 87-та минута.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев влезе во игра во 74-тата минута од натпреварот, кога резултатот беше 1-0 за Калјари.