Пандев: Голот против Јуве е голема емоција, сега на ред е забава со Македонија!

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев го најави својот јубиеен 100-ти меч за македонската репрезентација в четврток со Летонија на нафнтастичен начин – со гол и асистенција против недопирливиот Јувентус.

Пандев денеска беше херој и предводник на Џенова во големата победа против „старата дама“ пред своите навивачи, а по мечот призна дека погодокот под трибината каде се наоѓаат најверните навивачи на Џенова е – неверојатна емоција

„Да се даде гол под северот е голема возбуда, неверојатна емоција. Цел стадион тргна надолу. Навивачите ни дадоа голема поддршка, тешко е со таква поддршка да загубиш. Сега одам во Македонија да имаме нова забава“, вели Пандев.

Тој го запиша шестиот свој гол против Јувентус во кариерата.

„Со големите тимови секогаш е полесно да се игра, бидејќи оставаат простор. Денеска имаше голема желба кај сите да успееме и немаше шанса да не успееме“, додаде Пандев.