Оваа генерација на Арсенал ги надмина и непобедливите од 2004 година!

Арсенал синоќа со 3-2 победи на гостувањето кај Борнмут и се зацврсти на првото место на табелата во Премиер лигата, реакциите кон топчиите се исклучително позитивни.

Арсенал предводен од Микел Артета ита кон шампионската титула во Англија, има уште многу за играње, но засега изгледаат одлично.

Статистиката вели дека се дури подобри и од генерацијата на топчиите која во сезоната 2003/04 без пораз ја освои титулата во Премиер лигата, но имаа многу нерешени натпревари.

Овој сегашниот Арсенал по ист број на одиграни кола има два бода повеќе од таа легендарна генерација, има постигнато четири голови повеќе и примено само еден повеќе од тие момци кои испишаа историја.

Арсенал е прв на табелата со шест бода повеќе од Астон Вила и седум од Манчестер Сити кој има и натпревар помалку, денеска го пречекува Челси.