
Откриено кога ќе биде објавена пресудата која ја чека цела Англија
Според информациите кои ги објави „Индепендент“ во текот на наредниот месец ќе биде објавена конечната пресуда, а како што е веќе познато против Манчестер сити има 115 обвиненија.
Неодамна „граѓаните“ и Премиер лигата постигнаа договор околу спорот со новите правила за спонорски договори, но таа спогодба не е поврзана со ова судење.
„Оваа спогодба означува крај на спорот меѓу страните околу AПТ равилата. Како дел од договорот, Манчестер сити прифаќа дека сегашните AПТ правила се валидни и обврзувачки“, стоеше во соопштението кое го објавија двете страни.
Ќе потсетиме, кога обвинувањта се појавија во јавноста за Манчестер сити се најавуваа драконски казни со одземање на бодови, па дури и исфрлање во понизок ранг.