
На навивачите не им се верува: Ретклиф ќе му даде три години на Аморим
Безмалку секоја недела се зборува дека Аморим ќе биде избркан поради лошите резултати, но Ретклиф тврди дека тоа нема да се случи, не само сега, туку и во следните две или три години.
„Ќе му дадам три години на Аморим бидејќи нештата не се случуваат за една ноќ. Се сеќавам на притисокот што го имаше Алекс Фергусон од кого бараа оставка во првите две сезони. Погледнете го Артета со Арсенал, тој исто така помина низ тежок период, треба да сме трпеливи и да ги гледаме резултатите на долг рок. Аморим немаше најдобра сезона, но не може да се управува клуб како Манчестер Јунатед со импулсивни реакции“, изјави Ретклиф.
Нејасно е само дали трите години за кои зборува тој се сметаат од овој момент или од преземањето на менаџерската позиција на Аморим што се случи во ноември лани.