
Спектакуларниот Салах со два гола го однесе Египет на Мундијалот (ВИДЕО)
Популарните „фараони“ попладнево го победија Џибути со 3-0 во натпревар одигран на неутрален терен во Казабланка, Мароко, а блескаше Мохамед Салах. Сè беше решено во првото полувреме, поточно во првите 14 минути во кои погодија Адел и најголемата ѕвезда на тимот Мохамед Салах. Тоа не беше сè од напаѓачот на Ливерпул. Во 84-тата минута, тој постигна прекрасен гол откако прими долга топка од половина терен, не дозволи да падне и од првиот контакт го совлада голманот на Џибути со прецизен лоб удар.
Египќаните сега имаат 23 бода, пет повеќе од Буркина Фасо, на коло пред крајот на квалификациитте Буркина Фасо ќе го бара своето место на најголемиот настан во светскиот фудбал преку плејоф.
Пред Египет, Тунис и Мароко обезбедија место меѓу 48-те најдобри репрезентации од „црниот континент“.