Германски клуб мерка на фудбалер на Шкендија

Клинсман Цаке, фудбалерот на Шкендија кој доби дебитантски повик во репрезентацијата на Албанија за квалификациските натпревари во битката за Светското првенство овој месец наскоро кариерата би можел да ја продолжи во Гермаија.

Наводно, интерес за Цаке покажала екипата на Холштајн Кил која во минатата сезона беше дел и од Бундеслигата.

Според информациите, интересот од германскиот клуб за Цаке бил потврден од извор кој бил запозаен со ситуацијата.

Цаке во Македонија го носеше и дресот на Струга, а кариерата ја започна во Албанија во Тирана.