Мекгрегор го суспендираа, па најави повлекување: Заминувам на некое време...

Ирецот, Конор Мекгрегор најави повлекување од друштвените мрежи и тоа само неколку дена откако призна дека големата слава го „скршила“.

Поранешниот шампион во УФЦ отворено зборуваше за потешкотиите кои му ги донел статусот на глобална ѕвезда.

Снимката на која Мекгрегор зборува за интезивниот распоред на борбите и промовитните активности во врвот на кариерата стана вирална. Набрзо потоа, тој се огласи кратка порака и најави повлекување од интернетот.

„Еј онлајн луѓе, заминувам на на некое време, се гледаме наскоро! Мојата љубов останува! Ви благодарам на сите“, напиша Ирецот.

Ќе потсетиме, во текот на вчерашниот ден беше објавено и дека Мекгрегор е суспендиран од УФЦ поради прекршување на правилата.