
Почнаа провокациите: Србија има само неколку квалитетни фудбалери, но не и тим
В сабота во Лесковац Албанија и Србија ќе ги одмерат силите во квалификациите за Светското првенство, а пред овој натпревар Дука зборуваше за квалитетот на Србија, велејќи дека имаат само неколку фудбалери кои поседуваат повисок квалитет.
„Ова е многу важен натпревар од спортски аспект. Не можеме да го занемариме ниту притисокот кој го носи атмосферата. Имавме состанок со тимот и она што баравме од фудбалерите, а во што веруваме е тие да покажат концентрација и спортски мир. Многу е важно бидејќи двете екипи очекуваат три бода за да го продолжат патот кон баражот. Ќе напредува екипата која ќе биее помирна и која знае да го цени спортот, а не да го меша со дополнителните притисоци кои се неизбежни.
Ние имаме добар тим кој знае да се носи со секого. Србија поседува неколку квалитетни фудбалери, но не и тим во целина“, истакна Дука.
На табелата во групата Албанија е втора со осум бода, Србија има четири, но и натпревар помалку, па со победа тие би скокнале до местото кое води во баражот. Англија е далеку на врвот со 15 бода, додека последни се Летонија со четири и Андора е без бодови.
Фото: FSHF