Откриени сите детали: Лукас Ернандез се договорил со Баерн Минхен!

Германскиот великан Баерн Минхен и дефинитивно ќе го ангажира светскиот првак Лукас Ернандез како засилување за левата бековска позиција летово, па германските медиуми ги открија сите детали од бомбастичниот трансфер од Атлетико Мадрид.

Уште зимава беше најавен трансферот откако Баерн ја активирал откупната клаузула од Атлетико од 80 милиони евра, па сега Ернандез ги договорил сите детали со баварскиот гигант и ќе му се придружи на својот репрезентативен колега Бенжамин Павар како летно засилување на петкратниот европски првак.

Ернандез со Баерн ќе потпише петтгодишен договор, ќе има речиси двојно поголема плата од таа во Мадрид. Инаку е дете на Атлетико Мадрид и за првиот тим дебитираше во 2014 година. Тој беше незаменлив во дефанзивата и на мадридскиот клуб и во француската репрезентација со која летоска стана светски првак. Сега се очекува само Баерн официјално да ја активира откупната клаузула и на почетокот на предодниот рок летово, 1 јули и официјално да го промовира своето големо засилување во тоталната реконструкција на тимот.

Според најавите Хамес Родригес за 42 милиони евра ќе биде откупен од Реал Мадрид, па колумбиската ѕвезда ќе остане во Минхен, а севкупно првиот човек Ули Хенес најави историски и рекорден трансфер пазар вреден 200 милиони евра за Баварците.