Откриени нови детали за смртта на фудбалерот: Емилијано Сала и пилотот починале уште пред да се урне авионот во Англискиот канал

Фудбалерот Емилијано Сала почина во авионска несреќа на 21 јануари откако авионот во кој се возеше падна во Англискиот канал. Меѓутоа, по повеќе од половина година по несреќата е констатирано дека Емилијано Сала и пилотот Дејвид Ибонсон биле изложени на потенцијално фатална количина на јаглерод моноксид пред трагичната авионска несреќа.

По неколку дена трагање, Сала бил извлечен од заливот, додека телото на Ибобсон сеуште не е пронајдено, откако со авионот „Пајпер Малибу“ ПА-46 наместо до посакуваната дестинација во Кардиф, се урнаа во заливот. Инаку, Сала требаше да потпише со тимот на Кардиф, но за жал кобниот лет не го дозволи тоа.

Според истрагата, Сала имал одредено ниво на јаглерод моноксид, односно 58% во неговата крв. Оваа количина често предизвикува напади, несвесност или срцев удар. Се сомнева дека и пилотот Ибобсон исто така можеби настрадал од истото.

Во извештајот се вели: „Од симптомите е јасно дека изложеноста на СО може да ја намали или инхибира способноста на пилотот да лета со авион во зависност од нивото на таа изложеност“.

Во моментов е непознато дали двајцата починале во авионот поради изложеност на смртоносен гас, или загинале при ударот во Англискиот канал.

Сала патуваше во Кардиф каде требаше да го финализира трансферот во Кардиф за 15 милиони фунти и за прв пат да заигра во Премиер лигата.

Инаку, првично беше констатирано дека фудбалерот починал од повреди на главата и горниот дел од телото, но овој пат ситуацијата се промени, па се претпоставува дека смртта настапила уште додека виле во воздух.