Откриен планот на Барса како да го врати Нејмар на „Камп Ноу“

Веќе неколку недели каталонските меидуми се полни со приказни за враќањето на бразилската суперѕвезда Нејмар на „Камп Ноу“ и тоа веќе на лето годинава, а последна информација е дека Каталонците веќе го сковале планот како да го донесат својот поранешен фудбалер.

Нејмар пред година ипол замина од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, но парижаните сега влегоа во проблем со финансискиот фер-плеј на УЕФА и негативното салдо од 170 милиони евра, па приморани се да продадат една од своите две големи ѕвезди – Нејмар или Килијан Мбапе.

И самиот Нејмар веќе неколкупати истакнал дека сака да се врати, а пред Нова година неговиот татко веќе имал состанок со еден од раководните лица на Барселона и со менаџерот Пини Захави за да се направи план како Нејмар да се врати на „Камп Ноу“. Сега и во каталонската гордост сковале план како да ја изведат целата операција.

Според последните информации, Барса за Нејмар планира да му го даде Фелипе Кутињо на ПСЖ, плус да доплати уште 60-на милиони евра. Кутињо во последно време многу малку игра за Барселона, а и Каталонците не се најзадоволни од неговата форма, а за него платија 160 милиони евра.

Сега останува да се види дали на лето навистина ќе се случи ваква спектакуларна размена.