Официјално: Севиља го именуваше Мендилибар за нов тренер

Откако утринава му врачи отказ на Самполи, Севиља сега го именува Хозе Луис Мендилибар за нов тренер.

Како што и претходно најавија медиумите, Мендилибар го презема кормилото на Севиља од Сампаоли.

Шпанскиот клуб и официјално потврди дека потпишале договор до крајот на сезоната со Хозе Луис Мендилибар.

По 26 одиграни кола Севиља се наоѓа на 14. место на табелата со само два бода над местата кои водат во втората лига. 

Севиља игра и во Лига Европа каде противник за четвртфиналето го доби Манчестер јунајтед.