Официјално: Јовиќ си замина од Реал Мадрид! (ФОТО)

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ не се прослави во Реал Мадрид по неговото пристигнување, па поради тоа шпанскиот шампион реши да го испрати на позајмица во Ајнтрахт Франкурт.

Јовиќ во 2019 година го засили Реал за сума од 60 милиони евра, но постигна само два гола на 32 настапи за „кралевите“ и поради тоа често се шпекулираше за негово заминување.

На крајот „кралевите“ решија да го испратат на позајмица до крајот на сезоната во Франкурт, каде што Јовиќ настапуваше претходно и постигна 36 голови на 75 натпревари.