ОФИЦИЈАЛНО: Ериксен е нов фудбалер на Интер

Кристијан Ериксен вчера ги мина медицинските прегледи, а денеска и официјално е промовиран во нов фудбалер на Интер. 

Данецот доаѓа во Милано од таборот на Тотнем, каде имаше договор до крајот на оваа сезона. Иако италијанскиот тим можеше да го добие одличниот фудбалер за врска за беспари следното лето, инсистираше да го откупи неговиот договор уште сега во јануари.

Затоа Интер мораше да плати 20 милиони евра и плус 1 милион евра бонуси, кои ќе одат за младинската академија на Тотнем. Ериксен со тимот од „Џузепе Меаца“ потпиша четиригодишен договор вреден 8 милиони евра по сезона.