Официјално: Баерн Минхен се засили од Реал Мадрид (ФОТО)

Германскиот гигант Баерн Минхен го потврди ангажманот на 24-годишниот десен бек Алваро Одриозола, кој утрово ги помина успешно медицинските прегледи и потпиша договор до крајот на сезоната.

Одриозола ќе ги помине следните шест месеци во Минхен како позајмен фудбалер од Реал Мадрид во кој сезонава не добиваше многу шанса.

„Убедени сме дека Одриозола ќе ни помогне со неговиот квалитет. Мило ми е што го ангажиравме“, порача спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.