Официјално: Анри донесе уште едно засилување во Монако (ФОТО)

Монако досега ги ангажираше Налдо од Шалке, Бало-Туре од Лил и Сеск Фабрегас од Челси, а на праг до преселба во клубот беше и Вилијам Ванкер.

Поранешниот фудбалер на Олимпик Марсеј стигна на медицински прегледи за позајмица, но беше откриено дека има повреда на листот на ногата.

„Кнезовите“ најпрво се откажаа од трансферот, но потоа решија да му дадат шанса на фудбалерто на Анталијаспор до крајот на сезоната.

Ванкер, наводно, покажал решителност да се докаже во Монако, а тоа ја освоило управата.