Одамна Алиоски немаше направено лудорија – најновата е спектакл (ВИДЕО)

Не поминува ни едно доаѓање на Езџјан Алиоски на стадион, а да не помине без лудорија, па вчера пред мечот на Лидс во триумфот со 3-0 против Саутемптон, македонскиот репрезентативец повторно направи спектакл.

Алиоски како и вообичаено кога доаѓа на стадионот, мора да направи нешто за да биде центар на внимание, а овојпат ја грабна официјалната топка со која излегуваат судиите и тимовите пред мечот и едноставно ја – рогна. Шутна низ тунелот за да излезе таа на стадионот, па Лидс „се пофали“ со лудоријата.

Само што овојпат, навивачите на Лидс се уплашија од можна суспензија на Алиоски. Бараа Лидс да го тргне видеото од 12 секунди, за случајно да не отвори истрага ФА за непримерно однесување, па левиот бек да мора малку подолго да ја олади главата.