Од тимот на Несторовски незадоволни околу рестартот на Серија А: Ова е лудило!
Тој јавно изради незадоволство од одлуката за продолжување на Серија А на 13 јуни, која беше суспендирана поради пандемијата на коронавирус, а воедно оваа земја беше една од најпогодените.
Ако 13 јуни биде одобрен како датум за рестарт на Серија А, тогаш ова ќе биде апсолутно лудило за играчите и клубовите. Нашиот став е дека треба да се вратиме на теренот само кога ќе се гарантира безбедноста на играчите и персоналот, па дури и да не продолжи сезоната, изјави Марино за „Радио Раи 1“.
Од 18 мај на тимовите во Италија им е дозволено да изведуваат групни тренинзи, а за овој тим треба да излезе на зелениот терен и нашиот репрезентативец Илија Несторовски.